Американците утре гласаат, колони пред гласачките места

По две години од изборот на претседателот Доналд Трамп, Американците утре ќе гласаат на среднорочните избори.

И покрај тоа што на овие избори се избираат претставници во Конгресот , гувернери на сојузните држави и градоначалници , иднината на Трамп во голем дел ќе зависи од утрешните избори.

Според предвидувањата, Трамп на овие избори ќе го загуби мнозинството во Конгресот. Од друга страна, во прилог на Трамп се повеќе од добрите економски резултати, од пад на невработеноста и растот на БДП, па натаму. Тој на последните митинзи говореше за Демократите издајници и неамериканци. Неговиот предизборен спот, кој за критичарите е расистички, CNN одби да го емитува.

Доколку Трамп остане без мнозинството на Републиканците во двата дома на Конгресот, ќе има врзани раце во однос на реализацијата на своите планови.

Ваквата практика претседател на САД да остане без мнозинството во Конгресот не е невообичаена.

Она што може да го загрижи претседателот на САД е можноста двата дома на Конгресот да ја почнат процедурата за отповикување на Трамп од функцијата.  Сепак за формална потврда на импичментот се потребни две третини од гласовите, за што Демократите едноставно немаат политичка сила да ги достигнат.

Предизборните анкети предвидуваат победа на Демократите во Конгресот , но не и во Сенатот. Од 435 места во претставничкиот дом, демократите треба да добијат 23 места за да имаат мнозинство од 218. Според предвидувањата , тие имаат 182 места кои сигурно ќе ги задржат, 10 места кои веројатно ќе ги задржат и три места кои ги имаат, а најверојатно ќе ги загубат.

Републиканците имаат 140 места, кои сигурно ќе ги задржат, 55 места кои веројатно ќе останат нивни и 45 места кои би можеле да ги загубат , но и не мора.

Во меѓувреме на гласачките места во Мајами веќе се формираа редици за гласање на рано отворените гласачки места.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top