АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА БАРА ДИЗАЈНИ ЗА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО

Американскиот оддел за внатрешна безбедност на Америка распиша натпревар за идејно решение за ѕидот на границата со Мексико..

Според документот објавен на интернет страницата на Агенцијата за царинска и гранична заштита, ѕидот треба да биде висок 9 метри (иако би било прифатливо и 6), и треба да биде изграден од бетон.

Со ова и официјално започнува процесот на започнување на изградба на најголемиот градежен проект на владата на Америка. Белата куќа претходно овој месец од одделот за домашна безбедност побара дополнителни три милијарди долари, од кои дел би се вложиле за ѕид на границата.

Трамп, кој за време на неговата претседателска кампања цело време го најавуваше ѕидот, Мексико ќе ѝ ги врати парите на Америка потрошени на ѕидот, нешто што Мексико постојано го негира.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top