Американски аналитичари тврдат дека Северна Кореја има барем 13 тајни ракетни бази

Северна Кореја има најмалку 13 тајни бази и магацини за балистички проектили со нуклеарен капацитет, се тврди во истражувањето објавено денес од страна на вашингтонскиот аналитички институт Центар за стратегиски и меѓународни студии (ЦСИС)..

Извештајот на ЦСИС се темели врз извори на разузнавачките служби на неколку земји, изјави на бегалци од Северна Кореја, информации кои се достапни на интернет и сателитски снимки. ЦСИС сигурно утврдил постоење на 13 позиции, но сметаат дека би можело да ги има до 20.

„Тие бази не се уништени“, објаснува за Њујорк тајмс Виктор Ча, службеник на ЦСИС. „Сите се плашат дека Трамп би можел да прифати лош договор. Тие ни предаваат само една позиција за тестирање, распуштаат уште неколку други позиции и во замена за тоа да добијат мировен договор“.

Виктор Ча требало да добие позиција на американски амбасадор, но не бил именуван, главно поради несогласувањето со пристапот на администрацијата на Трамп кон корејското прашање.

По самитот на Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Сингапур кон средината на јуни, Пјонгјанг официјално ја сопре својата нуклеарна програма и тестирањата на балистичките проектили.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top