Американски хеликоптер се урна во Црвеното море

Американски хеликоптер, кој полетал од брод од придружната ескадрила на носачот на авиони „Нимиц“, а кој е стациониран во Црвено Море, се урна во морските води, соопшти Командата на Петтата американска флота стационирана во Бахреин..

Од петчлениот екипаж на хеликоптерот, спасени се тројца , додека пак двајца се водат за исчезнати.

Според Командата на Петтата американска флота стационирана во Бахреин, „нема знаци за непријателска активност“.

Во спасувачката операција се вклучени петте брода, хеликоптери и авиони од формацијата што го придружува носачот „Нимиц“, како и лесни десантни чамци.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top