Американски нуклеарни бомбардери прелетаа покрај брегот на Северна Кореја

Американските нуклеарни бомбардери денеска прелетаа покрај источниот брег на Северна Кореја во меѓународниот простор демонстрирајќи ги воените способности, соопшти Пентагон..

Бомбардерите Б-1Б придружувани од воените авиони Ф-15Ц летаа во меѓународниот воздушен простор на источниот брег на севернокорејскиот полуостров.

Овие летови имале за цел да ја прикажат американската сила и моќ и дека се спремни да ги искористат сите воени капацитети за одбрана на својата земја и сојузниците, изјави портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top