Американски воен авион прелетува над Русија

Американското Министерство за одбрана најави дека денеска и утре ќе изврши набљудувачки лет над Русија..

На тој начин , се наведува во соопштението од Пентагон , ќе се процента руските воени активности, а летот е во согласност со Договорот ,,Отворено небо”.

Договорот бил потпишан 1992 во Хелсинки , а стапи на сила во 2002 , со што им се овозможува на 34 земји потписнички да ги надлетуваат  туѓите територии со цел взаемно надгледување на воените активности.

„Ова е прв пат во согласност со Договорот САД да врши надлетување над Русија од ноември 2017. “ изјави портпаролот на Пентагон , Џејми Дејвис.

Летот , за кој Русија била информирана на 12 февруари ќе трае два дена , денеска и утре , а авионот ќе ја напушти руската територија во сабота наутро.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top