Американскиот сенат изгласа пакет од 2 трилиони долари за помош на економијата, најголем во историјата

Белата куќа и лидерите на Сенатот од двете партии постигнаа договор за пакетот од два трилиона (2.000 милијарди) долари, со кој треба да се спаси американската економија од пандемијата на коронавирусот..

По четиридневни преговори, двете партии постигнаа компромис за она за што се верува дека е најголема стимулација за американската економија во историјата.

„Имаме договор“, соопшти Ерик Јуленд, директорот за правни прашања на Белата куќа.

Овој пакет ќе овозможи мнозинството Американци да добијат директна исплата и проширување на бенефициите за невработените, додека со програмата за мали бизниси од 367 милијарди долари нивните вработени ќе добијат плата додека се принудени да седат дома. Секој возрасен ќе добие еднократна помош од 1.200 долари, како и 500 долари за дете.

Доналд Трамп вели дека планира повторно да ја отвори американската економија до Велигден на 12 април.

„Тоа би бил прекрасен момент“, кажа Трамп.

За тоа време, САД се претвораат во ново жариште на коронавирусот, откако бројката заразени порасна на 55.000, а речиси 800 луѓе починаа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top