Американските власти: Се шират најголемите пожари во историјата на Калифорнија

Пожарот кој беснее на северот на Калифорнија стана најголемиот во историјата на американската сојузна држава, соопштија денеска властите во САД..

Огнената стихија настана од два одвоени пожари во северниот дел на Калифорнија.

Пожарите кои беснеат зафатија површина од 1.178 километри квадратни, што е повеќе во однос на ланските пожари на југот на Калифорнија, кои запалија површина од 1.140 квадратни километри, изјавија денеска американските власти, пренесе новинската агенција „АП“.

Тие наведоа дека пожарот се шири, а загрозени се 11.300 згради.

Се додава дека повеќе од 14.000 пожарникари се борат со пожарите ширум Калифорнија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top