Ан Тонг-чун: Северна Кореја нема друг избор освен развој на нуклеарна програма

Ан Тонг-чун изјави денеска дека политиката на САД не му дава друг избор на Пјонгјанг, освен развој на нуклеарна програма..

Заменик претседателот на Врховното народно собрание на Северна Кореја, Ан Тонг-чун изјави денеска дека политиката на САД не му дава друг избор на Пјонгјанг, освен развој на нуклеарна програма, која има „застрашувачки карактер“.

Ан тоа го истакна на пленарната седница на собранието на Интерпарламентарната унија во Санкт Петербург.

- Нашата земја се соочува со закана. Меѓутоа историјата покажа дека мора да бидеме способни да ја браниме нашата независност. Немаме друг избор освен да развиваме сопствена нуклеарна програма, нагласи Ан.

Според него, Северна Кореја сака САД да престанат со својата непријателска политика кон Пјонгјанг, бидејќи тоа создава пречки кон мировните преговори



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top