АНАЛИТИЧКО РЕЗИМЕ ОД ИНТЕРВЈУТО на Никола Груевски на ТВ АЛФА

Фејсбук статус на Проф. Д-р Јове Кекеновски.

• врвна бесрамна политичка патетика на нему својствен и веќе виден начин,

• во обид да се оцрнат и да не се признаат изборните резултати се случи несвесно самопризнание за начинот на кој се добивале изборите во минатото (уцени, закани, заплашувања, поткуп, дури и во детали објаснување на бугарскиот воз. Си ја знае човекот цената на купен глас од 20 - 100 евра, а некаде од 1000.оо – 2000,оо ден по добиен глас)

• дрско и безобразно лажење во насока на реалтивизирање на сопствената одговорност (демек изгубивме - ја сносам одговорноста, ама поразот не е по моја вина. Имавме работа со банда, дилери на дрога, криминалци. Сите беа против нас.!. За мојата одговорност ќе се расправа откако ќе се направи длабинска анализа...!)

• срамни измислици и искривување на факти (од очите на претставнците на ОБСЕ и ОДИХР се гледаше дека не се заинтересирани, наводно прислушување на раководството на ДПМНЕ, водење на тајни досиеја, ДИК не реагирал – а човеков таму има две свои лојални кутренца, 

• констатацијата ,,нема на кого и каде да се жалиме” укажува на депримиран и дезориентиран политичар кој незнае каде се наоѓа и кој нема што повеќе да бара во политиката.

• единствена точна, но половична констатација. ,,Не казнија членовите и симпатизерите заради нашите политики, зошто сакавме да им се допаднеме на другите” - (моја исправка ГРУЕВСКИ ВМРОВЦИТЕ ТЕ КАЗНИЈА ЛИЧНО ТЕБЕ, А НЕ ПАРТИЈАТА. КАЗНАТА НЕ Е САМО ЗА ЛОШО ВОДЕНАТА ПОЛИТИКА ТУКУ И ЗА СТОРЕНИОТ КРИМИНАЛ ЗА КОЈ СЕ ПОДНЕСЕНИ СЕРИОЗНИ КРИВИЧНИ ОБВИНЕНИЈА)

• во обид да одглуми бестрашен херој и загрижен патриот, а со цел да го симне гневот на оние кои насилно влегоа во Собранието на РМ на 27 април 2017 година вели: ,, Нека ме уапсат мене и целото раководство, само нека ги остават на мира граѓаните од 27 април”. Човеков во бунило заборави дека тој лично уште вечерта на 27 април се огради од сите нив. Овој глумец - херој секогаш кога се случувале некои непосакувани работи во државата, секогаш ја употребувал тактитката ,,бегство” (никогаш не бил во државата). Секогаш настојувал други да му ја завршат работата, а тој само на готово.

• Се на сé: ТАЖНО, БЕДНО И ЈАДНО.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top