Анчелоти незадоволен од ветувањето на Де Лаурентис: Останав без зборови, крајно револтиран сум!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, беше бесен откако виде како изгледаат соблекувалните на нивниот стадион..

За време на летниот период, стадионот на Наполи имаше најавена реконструкција, а екипата на Наполи поради тоа ги играше првите два меча нагости (против Фиорентина и Јувентус).

Искусниот тренер е индигниран од состојбата на соблекувалните, па пред почетокот на ЛШ, даде една доста бурна изјава.

„Ги видов условите на стадионот, останав вез зборови. Го прифатив барањето на клубот првите два меча да ги играме нагости во сезоната, со цел да биде се завршено, како што и ветија, но не е завршено. Куќа се гради за два месеци, а тие не успејаа да направат соблекувални за пократок рок. Каде да играме против Ливерпул и Сампдорија? Максимално сум нервозен, поради неадекватноста и непрофесионализмот“, истакна Анчелоти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top