Анета Мицевска: Добар пејач знае да пее се, и забавно и народно!

Анета Мицевска и групата Молика наскоро ќе заминат на голема турнеја во Австралија, а во рамки на неа ќе го промовираат и новиот материјал, кој ќе излезе кон почетокот на идниот месец..

Составот, кој повеќе од две децении постои на музичката сцена, вели дека им годи што публиката каде и да одат ги пречекува со овации и не го кријат фактот дека гостувањата во земјата преку барата им се најдраги.

“Навистина не прави многу среќни тоа што не нарекуваат македонски амбасадори за култура, песна и оро. Чест и гордост е да се носи тој епитет. Чести гости сме во Австралија и таму публиката ни е многу драга”, откри Анета, која уште ја нарекуваат и македонската Витни Хјустон.

“Долги години го работам ова и без проблем можам да отпеам се. Секоја песна си има своја тежина и нема лесни и тешки песни. Мене ми е исто дали пеам нешто од Адел, од Витни или, пак, интерпретирам наша стара изворна македонска песна, добар пејач знае да пее се, и народно и забавно”, додаде фолкерката.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top