(ВИДЕО) Анета Мицевска и група “Молика“: песната најдобар лек за смирување на душата во изолација

Во периодот кој го минуваме сите и продолжување со месец дена од мерките на вонредна состојба, изолацијата продолжува..

За личностите од естрадата овој период е без музички настапи и патувања, а најдобрата музичка група во Битола ги има десетици во годината.

Битолчанката Анета Мицевска со својата група „Молика“ ги почитуваат мерките и сите настапи ги откажаа. За нив песната лек за душата  и понесени од неа снимија видео, во домашна атмосфера.

Се надеваме дека и во иднина ќе има уште вакви видеа, бидејќи за нив музиката е дел од животот, а за битолчани кои ја сакаат Анета и групата “Молика“ шанса да ги слушаат и гледаат. Овој пат ја слушаат песната “Болен лежи млад Стојан“. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top