Анета Молика проговори за товарот на професијата: Патот до успехот е многу трнлив

За битолска група „Молика“ и познатата пејачка Анета, турнеите преку океанот како и настапите на домашен терен се во константна динамика години наназад..

Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат.

Деновиве повторно се на турнеја во Австралија каде и тоа како се очекувани од нашинците во дијаспората.

Сепак, Мицевска вели дека до успехот не се доаѓа така лесно, а тоа го почувствувале и на сопствен грб.

„Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни. Најбарани сме, а тоа е така затоа што сме неуморни.

Понекогаш доаѓаат и моменти кога сум уморна или болна и не можам да пеам, но во ниту еден момент го немам откриено тоа. Се појавувам на бина и професионално и до крај си ја извршувам работата.

Тоа е товарот на нашата професија, но јас не се жалам“, вели Анета за „Убавина и здравје“ и додава дека за пензионирање се уште е рано, бидејќи допрва следуваат нејзините пет минути.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top