Ангел Бојаџиев: Земјоделците добро да внимаваат со употреба на пестицидите

Препораки за земјоделците..

Пред употребата на пестицидите,земјоделците задолжително треба да го прочитат упатството,бидејки таму е опишано со кои сретства може и смее да се комбинира,поради успешно и правилно третирање. 

Пестицидите треба да се чуват во просторија која не е влажна,и не многу ладна,и никако не смее да биде изложена на сонце. 

Просторијата мора да биде оделена од просториите каде се чува сточна храна или храна за исхрана на луѓето. 

Сите пестициди се отровни за луѓето и животните. Кога се раствара препаратот,треба да се користи сад кој е само за таа намена.

Задолжително кога се третира со пестициди треба работникот да биде облечен во заштитно одело,растворот никако не смее да дојде во додир со кожата.

Очите треба да бидат заштитени со заштитни наочари. За време на работата не смее да се јаде,пие или пуши. Доколку настане одреден проблем,задолжително треба да се побара лекарска помош. После завршувањето со третирањето.амбалажата треба да се закопа длабоко во земја. А работникот детално треба да ги измие рацете и лицето. 

 Ангел Бојаџиев - Дипл. Инг. на Биотехнички науки


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top