Ангелов за „Диво Насеље“: Дадени се околу 2 милиони евра на криминална група да ја нападнат македонската полиција

Стојанче Ангелов за настаните од кумановско „Диво насеље“ рече дека со одземањето на големо количество оружје од караулата кај Гошинце започнуваат сомнежите дека се спрема реализација на монструозниот план кој резултираше со човечки жртви.

-Некој во Македонија направи монструозен план. 

Затоа што од два независни извори добив информација дека се дадени околу 2 милиони евра на криминална група која под плаштот на тој албански патриотизам наводно за борба за албански права во Македонија да ја нападнат македонската полиција и војска, за да се одвлече вниманието од бомбите. 

Се додека не се најдат инспираторите и да се докаже вистината, оваа верзија која ја најавив пред да се случи масакрот останува на сила. 

Интересно е што по моето најавување на ваков можен настан, десетина дена подоцна се случи нападот на караулата во Гошинце и беше одземено големо количество на оружје. Кај мене првиот сомнеж го пробуди објавата на Непрес дека Заев, Ангелов и исламски радикали спремаат крваво сценарио во Македонија. 

Потоа стигнаа овие информации до мене и го запалија зеленото светло, за жал тогашните служби не ме повикаа да ме прашаат од каде е мојата ифнормација. Ако политичкиот врв и врвот на МВР не сакаа да дознаат од каде ми е информацијата, ќе укажев дека се работи за сериозна информација. 

Од друга страна тие требаше да бидат алармирани дека нешто се подготвува поради нападот во Гошинце. 

Имаше повеќе од стотина автоматски пушки. Се додека не се докаже спротивното, тоа оружје е донесено таму за да биде земено од вооружената група, рече Ангелов, кој додаде дека не располага со информации за тоа дали има новитети во врска со истрагата или пак дали се води тајна истрага.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top