Ангеловска го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Промената во имотниот лист е многу порано направена

Министерката за финансии Нина Ангеловска го демантира соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое тие јавно прашуваат дали таа намерно своите пари ги извадила непосредното пред пропаѓањето на Еуростандард банка..

„Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. 

Промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка“, се вели во реакцијата од Министерството за финансии.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top