Анѓушев: Да се пролонгира воведувањето данок за капитални добивки

Вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев е против одлагање на мерката да се даночат со 15 отсто заштедите на граѓаните во банките..

Анѓушев смета дека е добро да се одложи воведувањето данок на капитални добивки. Тврди дека нема акции и затоа одложувањето на мерката не го тангира.

„Тој данок мислам дека треба да се пролонгира за да се стимулира работата на берзите, зашто нашата берза е млада берза и допрва треба да се развива и сите држави кои биле во тој сегмент на развој го направиле тоа за да ги развијат берзите и берзанското работење и да ги охрабрат компаниите кои се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва бидејќи тоа е еден од начините да дојде свеж капитал во тие фирми“, рече Анѓушев.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top