Анѓушев: Македонија е лидер во регионот во однос на порастот на нивото на странски директни инвестиции во 2018 година

Во 2018 година забележано е рекордно ниво на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра и тоа е за трипати повисок износ на средства во однос на претходната година, потенцираше вицепремиерот Анѓушев во интервјуто за телевизија Телма..

„Во врска со нивото на странските директни инвестиции, не може сите ние да грешиме, а опозицијата да е во право. Сигурно не грешат Обединетите нации, кои пседуваат меѓународни и прецизни информации. Пред само една недела, Обединетите нации го објавија „Светскиот инвестициски извештај 2019“ (World Investment Report) во кој нотираат дека странските директни инвестиции во нашата земја се трикратно зголемени во 2018 година во однос на претходната, што ја позиционира нашата земја како лидер во регионот, но и кај земјите во развој, во однос на порастот на СДИ во една година“, нагласи Анѓушев.

Во моментов дваесетина странски компании реализираат инвестиции во Технолошко индустриските зони, а ако се земат во предвид и фабриките кои се градат надвор од ТИРЗ, вкупно во моментов во разни фази на изведување се околу триесетина нови производствени капацитети, појасни Анѓушев.

„Расте извозот од земјата, ако нема нови фабрики и нови капацитети, нема како да се зголемува извозот, воедно се отвораат нови работни места, односно се намалува невработеноста, што е уште еден показател дека има нови инвестиции. Во период од само 2 години во земјата се вработени околу 50 илјади лица“, посочи Анѓушев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top