Англичаните откриваат: Како и зошто пропадна трансферот на Фекир во Ливерпул…

За само неколку дена, ситуацијата со Набил Фекир доживеа неколку неверојатни пресврти за денеска трансферот дефинитивно да биде откажан..

Навивачите на Ливерпул го очекуваа во своите редови фудбалерот на Лион, наводно тој веќе и ги помина лекарските прегледи на Енфилд, но работата пропаднала во последен момент. Информацијата ја потврди и Лион кој на својата интернет страница објави дека Фекир останува.

Англиските медиуми открија дека клубот од Лига 1 одлучил да ги прекине преговорите затоа што Ливерпул се обидел да ја намали веќе договорената сума за отштета во последен момент. Претставниците на премиерлигашот сакале да го искористат фактот што Фекир има мали проблеми со коленото и да се изборат за поповолна цена.

Тоа предизвикално револт кај раководството на Лион кое ги прекинало преговорите и одлучило Фекир да остане во тимот и претстојната сезона да го води во Лигата на шампионите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top