Анкета: Доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ

Премиерот Груевски, со 26,7 проценти ја ужива најголема доверба за разлика од Заев, за кого се определиле 7,5 отсто.

Доколку утре се одржат парламентарни избори, 26,1 процент од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 15,1 процент кои би го дале всојот глас за СДСМ, покажува најновата анкета спроведена од Институтот Димитрија Чуповски.

Што се однесува до останатите партии, 7,9 отсто би гласале за ДУИ, а 3,9 за ДПА. 28,3 проценти од граѓаните рекле дека се уште не знаат за кого би гласале, а 15,3 проценти изјавиле дека нема да гласаат на евентуалните парламентарни избори.

Анкетата покажала дека премиерот Никола Груевски, со 26,7 проценти ја ужива најголема доверба од граѓаните. На второ место е лидерот на СДСМ Зоран Заев, за кого се определиле 7,5 отсто, а зад него на листата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за кого се изјасниле 7,2 проценти.

На прашањето околу победникот на следните парламентарни избори, 32,9 проценти одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, додека 14,8 проценти сметаат дека тоа ќе биде СДСМ, а неопределени по ова прашање се 38,8 проценти од граѓаните.

Анкетата на Институтот Димитрија Чуповски била спроведена телефонски во периодот меѓу 24 и 26 јануари, на 1.530 испитаници.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top