Анкетна комисија, Талат Џафери и го врати барањето на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Собранието не го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање анкетна комисија која би ја разледувала работата на СЈО..

Во одговорот на Џафери се вели дека барањето на опозицијата не е во согласност со деловникот на Собранието и Уставот, зашто покрај тоа што не е напишано уставното – Република Северна Македонија, не е ниту точно адресирано до претседателот на Собранието, туку е доставено до г-дин Талат Џафери. 

Опозицијата вели дека ќе најде процедурален начин за ова точка да се стави на дневен ред.

На пресот на Милошоски одговори генералната секретарката на СОбранието, Цветанка Иванова која изјавата на пратеникот ја оцени како политичка манипулација и неосновано обвинување. 

Во однос на работните групи за усогласување на ставовите за законот за ЈО, Милошоски вели дека најверојатно утре ќе има нова преговараќка рунда.

СДСМ ја обвини опозицијата за опструкции во преговорите се со цел нејзини члнеови да се спасат од кривичен прогон.

Преговорите меѓу власта и опозицијата за предлог-законот за ОЈО заглавија кај поделбата на ОЈО во два посебни органи, Обвинителство за гонење организиран криминал и Обвинителство за корупција на високо ниво.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top