Антиќ ја спаси Атланта

Антиќ, на натпреварот со Шарлот доби поголема минутажа.

Перо Антиќ одигра клучна улога во победата на Атланта над Шарлот од 118:116. Крилниот центар, на 3,1 секунда до крајот на мечот погоди неверојатна тројка, со што израмни на 101:101 и го однесе натпреварот во продолжение.

Антиќ, на натпреварот со Шарлот доби поголема минутажа, бидејќи во тимот го немаше повредениот Ал Хорфорд. Македонецот на теренот мина нето повеќе од 22 минути и за тоа време во статистиката запиша три поени, четири скока, седум асистенции, три блокади и една украдена топка.

Милсап со 33 поени и 13 скокови, односно Вилијамс со 28 поени беа најефикасните играчи на Атлатна. Тимот на Антиќ има забележано 17 победи и 13 порази, со кои се наоѓа на третото место во Источната конференција, веднаш зад Индијана и Мајами.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top