Антиќ ќе стартува против Далас

Првиот домашен натпревар Атланта ќе го игра на 1 ноември против Торонто. Инаку, новата сезона (2013/2014) ќе почне на 29 октомври кога се играат натпреварите: Мајами (шампион) - Чикаго и Лос Анџелес Лејкерс - Лос Анџелес Клиперс..

Новата сезона во НБА лигата почнува на 29 октомври, а еден ден подоцна првиот Македонец во најсилната кошаркарска лига во светот, Перо Антиќ со Атланта Хоукс гостува на Далас Маверикс. Првиот домашен натпревар Атланта ќе го игра на 1 ноември против Торонто. Инаку, новата сезона (2013/2014) ќе почне на 29 октомври кога се играат натпреварите: Мајами (шампион) - Чикаго и Лос Анџелес Лејкерс - Лос Анџелес Клиперс.

За одбележување е дуелот на 7 ноември кога Двајт Хауард со Хјустон ќе му се спротивстави на својот поранешен клуб Лејкерс, а Кевин Гарнет и Пол Пирс со Бруклин Нетс на 26 јануари патуваат за Бостон. Два натпревари оваа сезона ќе се играат надвор од САД и Канада - Минесота и Сан Антонио на 4 декември ќе се сретнат во Мексико Сити, а Бруклин и Атланта на 16 јануари ќе играат во Лондон. Лигата ќе заврши на 16 април, а потоа следи плеј-офот. „Ол стар“ натпреварот ќе се одигра на 16 февруари во Њу Орлеанс.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top