Антонијо Милошоски тврди дека за прославата се потрошени 400.000 евра!

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски тврди дека за синоќешната прослава се потрошени 400.000 евра буџетски пари..

На својот Фејсбук профил тој информира дека за настанот кој го опишува како дебакл се потрошени 400.000 евра буџетски пари, и како дури и на втора свадба во Штип имало повеќе народ.

-Потрошени 400.000 € буџетски пари за фејк прослава.
Прославата на @Zoran_Zaev и @NDimitrovMK бојкотирана од народот. Краток опис на настанот, дебакл!

Најавениот пренос на фејк прославата на МТВ откажан, оти празно;
Скопје 400 души (150 “музички” мотивирани од Амди и Курто) , Охрид двајца без тројца, Кичево 69 (со букви: шеесет и девет души), Кавадарци 115 луѓе, Штип повеќе имало и на втора свадба! – пишува Милошоски.

Околу тоа колку точно изнесува прославата која се одржа во 15 градови, со 40 музичари, односно колку средства од буџетот се одвоени за хонорарите на музичарите, озвучување, осветлување и комплетна организација, ќе биде познато утре.

Тоа го изјави вчера Радмила Шекеринска, потенцирајќи дека тие ништо не кријат, и како податоците колку пари биле потрошени ќе бидат познати во понеделник.
„Фокус“ го контактираше Милошоски, со цел да дознаеме од каде ја добил информацијата за потрошената сума, но тој не одговори на нашето прашање.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top