Апасиев кон СДСМ: Тече низ ногавици

Фејсбук статус на Димитар Апасиев.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги критикуваше фејсбук рекламите на СДСМ. На својот фејсбук профил, тој напиша: 

СДС на Нашата Земја, за да го надокнади вртоглавото губење на рејтингот, само за еден ден – и тоа само за ФБ спонзорирање – троши колку целокупната вредност на кампањата на Левица!

btw А рекламирањето, кое го прават над 30-на вработени владини загарчиња 24/7, им е „на диво“ – бидејќи само пејџот на Левица е прописно регистриран во Фб за платен политички маркетинг од службена кредитна картичка, од сите партии учесници на изборите. Земете го и овој податок во предвид на 15-ти, кога конечно ќе ги испратиме на гнојарникот на историјата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top