Апасиев по нападот на Палевски: Не си играјте, насилството раѓа насилство

Фејсбук статус на Димитар Апасеив.

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, го осуди нападот врз Љупчо Палески, предупредувајќи дека насилството раѓа ново насилство.

„Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и боксирачи да ги замолчуваа ПОЛИТИЧКИТЕ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ!? Сега ваљда ви е појасно дека мојот собраниски говор при изборот на оваа (страхо)Влада, кога ја споредив со ТИРАНИЈА, воопшто не беше хиперболизирање.

p.s. Ако ова лудило на властодршциве продолжи, да не влечат по затвори, судови и обвинителства и да не тепаат до смрт - ќе бидеме принудени да формираме наша народна ЦРВЕНА МИЛИЦИЈА за одбрана и заштита од силеџиите спопикани во секоја пора на власта!

p.p.s. Не си играјте со оган. Насилството раѓа насилство.“, напиша Апасиев на фејсбук.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top