Апасиев во контрапријави до оние што го пријавија за ширење говор на омраза

Лидерот на Левица Димитар Апасиев повикан во ОЈО да даде исказ по однос на трите поднесени кривични пријави против него за ширење расна, верска и етничка нетрпеливост..

Станува збор за статусите кои беа објавени на неговите профили на социјалните мрежи  по парламентарните избори. Во изјава за медиумите Апасиев посочи дека добивал и закани за неговото семејство и очекува дека кривичните пријави против него ќе бидат отфрлени а вели спремен е правдата да ја бара и до Стразбур. Исто така посочи дека планира следната недела и тој да поднесе контра пријави против оние кои што го пријавиле.

Како што посочи Апасиев, пријавите против него се поднесени од Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права, но и едно известување за сторено кривично дело од страна на МВР.

Во ова тој вели дека гледа политички притисок, бидејќи поканите му биле доставени преку полиција а не преку вообичаените канали на комуникација.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top