АПЕЛ: Да му помогнема на Љубен

За рехабилитацијата на Љубен се потребни 12000 евра.

Со љубов за Љубен

Денес нашата тивка борба станува ода на надежта, вербата, љубовта, ода која ја споделуваме со вас.

Нашиот прв син Љубен набрзо ќе наполни 14години. Љубен е дете, или подобро кажано момче речиси како и сите други, со свои сништа и желби, давајќи се себеси до максимум во сè што прави, на училиште, со другари, во компјутерските игри, додека свири пиано; и би можел уште повеќе, уште подалеку, уште повисоко (The sky is the limit) да може самостојно да оди, а не со помош на друг, за рака.

Борец е уште пред да се роди, самото негово раѓање и досегашните години се многубројни освоени битки. 
Сите овие години со срце и со разум биравме најразлични методи и начини за да го донесеме поблиску до она што беше пред сите други соништа, самостојно да зачекори. Од класична медицина до алтернативни методи, од Македонија до Германија, секогаш со надеж и верба дека сме на вистинскиот пат, дека сме го направиле вистинскиот избор.

Сепак, во таа борба, секогаш се трудевме да не му го одземеме детството со медицински експерименти, и да не го претвориме во експериментално глувче. Сè што направивме досега помогна да се искачиме уште едно скалило, да извојуваме уште една битка.

Таа борба не беше само духовна, секоја нова битка, секоја година се мереше со илјадници евра, една огромна причина поради која двајцата работиме на одговорни работни места, иако во нашиот замислен совршено-идеален свет, еден од нас треба постојано да биде со Љубен.

И така, дојде и лето 2017год., по прегледот во Институтот за рехабилитација во Сoча -Словенија (www.ir-rs.si), нè упатија во Специјалната хируршка болница Медикус во Ќуприја - Србија, застапник за Југоисточна Европа на рускиот Институт за рехабилитација ТУЛА, каде медицински тим од Русија врши хируршки интервенции т.н. Фазна фибротомија по Улзибат (ulzibat.rs).

По извршениот преглед на Љубен во октомври, хируршка интервенција е закажана за почеток на декември; по потребниот постоперативен период, ќе следи изработка на ортози и период на рехабилитација во Соча Словенија .......сето ова значи нови 12000 евра.

Дали ќе бидат потребни дополнителни интервенции, дали е оваа финалната битка, дали...?!? Безброј прашања на кои немаме одговор.

И иако во овој момент се измешани безброј чувства.....болка за тивкото страдање на Љубен, љубов за нашиот голем мал јунак, гордост за неговата сила и издржливост, разочарување што не можеме со сите наши досегашни усилби да му го дадеме единственото што го барал некогаш.....ова не е плач, не е крик.

Ова е тивка молба од најголемите длабочини на човечкото срце....да, нашите родителите нè научија дека треба сами да се избориме за она што го сакаме, не да молиме.....но, во овој момент, во оваа битка, времето не ни е сојузник, во последниве месеци Љубен од дете стана момче, сега веќе секој ден е скапоцен.....затоа во овој момент гордоста, себедокажувањето отстапуваат пред силата на љубовта за нашиот син.

Ова е нашата тивка молба, без солзи, без тага, ова е нашата ода за љубовта, вербата, надежта. 
Во име на нашиот голем мал јунак, Ви благодариме што прочитавте и споделивте, Ви благодариме што дониравте -со љубов за Љубен.

Сметка во НЛБ Банка 210700000640530 Љубен Стојчески - за донации

Инструкции за донации од странство:

Client details

Name/Surname  LЈUBEN STOJCESKI

Address  J.STEFANOVSKI RILE 11 STRUGA

IBAN Code  MK07210501633403419

Bank Details

Bank Name  NLB BANKA AD SKOPJE

Bank Address  Majka Tereza br. 1

Country   Makedonija 

SWIFT  TUTNMK22



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top