Апелација ја објави одлуката за притворот на Јанева

Апелациониот суд Скопје денеска го објави решението за пуштање во домашен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева..

Судскиот совет кој ја донел одлуката, сметал дека нејзината жалба треба на мерката притвор треба да ја уважи затоа што Јанева е самохрана мајка на која и е потребна редовна медицинска терапија и е невработена.

„ Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението.

Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација.

„СЕ ОПРЕДЕЛУВА надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје, “ се вели во решението.

На Јанева и е одземен пасошот и е забрането издавање на нова патна исправа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top