Apple е првата американска компанија со пазарна капитализација од 1 трилион долари

Технолошкиот гигант Apple во четвртокот стана прва компанија во САД која ја надмина границата од еден трилион долари..

На тој начин компанијата го прослави својот десетгодишен подем, поттикнат од сеприсутниот iPhone кој го трансформира во глобална моќ во комуникациите и забавата, објави Ројтерс.

Акциите на технолошката компанија скокнаа за 2,8 отсто на 207,05 долари, со што растот од вторникот навака изнесува 9 отсто. Истиот ден, компанијата ги претстави кварталните резултати до крајот на јуни, што ги надмина очекувањата и рече дека ќе откупи назад акции во вредност од 20 милијарди долари.

Изградена во гаражата на еден од основачите, Стив Џобс, во 1976 година, приходите на Apple го надминаа бруто-домашниот производ на земји како Португалија, Нов Зеланд и голем број други. На својот пат, го смени начинот на кој корисниците се поврзуваат едни со други и како компаниите го вршат секојдневниот бизнис.

Пазарната капитализација на Apple е поголема од вкупната вредност на Exxon Mobil, Procter & Gamble и AT & T. Компанијата сега формира 4% од индексот S & P 500.

Агенцијата потсетува дека Џобс беше исклучен од Apple во средината на 80-тите, но една деценија подоцна се врати триумфално и ја спаси компанијата од банкрот.

Тој го претстави iPhone во 2007 година, го тргна делот „Computer“ во името на Apple, и ја промени целосно мобилната индустрија, надминувајќи имиња како Microsoft, Intel, Samsung Electronics и Nokia. Така, Apple успеа да го надмине Exxon Mobil во 2011 година како американска компанија со најголема пазарна капитализација.

Акциите на компанијата од Силиконската долина поскапеле за над 50.000 проценти од примарната јавна понуда (IPO) во 1980 година, додека растот на S & P 500 во истиот период е од едвај 2.000 проценти.

Во овој период Apple еволуираше од компанија, продаваат персоналните компјутери Mac, до архитект на мобилната револуција.

Џобс, кој почина во 2011 година, беше наследен како извршен директор од Тим Кук, кој го удвои профитот на компанијата, но се соочува со тешкотии во развојот на нов производ, кој ќе го повтори успехот на iPhone, чии продажби се послаби во последните години.

Во 2006 година, годината пред претставувањето на iPhone, Apple генерира помалку од 20 милијарди долари во продажби и нето добивка од само 2 милијарди долари. До минатата година продажбите нејзини се зголемија 11-кратно до 229 милијарди долари – вторите по големина во S & P 500, а нето добивката се зголеми за двојно побрзо темпо до 48,4 милијарди долари, што ја прави најпрофитабилната јавна компанија во САД.

Една од петте американски компании од 80-тите години наваму, која станува најголема на Wall Street по пазарна капитализација, може да го изгуби лидерството од Alphabet или Amazon.com, ако не промовира нов производ или услуга, додека побарувачката на смартфони губи брзина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top