Apple и Samsung почнуваат нов тренд - смартфоните ќе се продаваат без полначи

Apple и Samsung веројатно ќе започнат нов тренд на пазарот кој нема да им се допадне на многу корисници..

Имено, според гласините кои доаѓаат од најдоверливиот извор кога е во прашање Apple, аналитичарот Минг Чи-Куо, со новата генерација iPhone нема да се испорачуваат полначи, ни слушалки. Иако многу корисници на уредите на Apple веќе имаат полначи и слушалки, јасно е дека тие може да се расипат или да ги изгубат, па корисно е да имаат полнач и слушалки на резерва.

Изгледа дека на истата тактика ќе се одлучи и најголемиот ривал на Apple на пазарот за мобилни телефони. Според гласините, од идната година некои од телефоните на Samsung исто така ќе се продаваат без полначи. Корисниците за полнење на своите телефони ќе можат да ги користат полначите кои веќе ги имаат, но ако сакаат полначи за брзо полнење, ќе мора да си купат сами.

Веројатно оваа нивна тактика ќе почнат да ја применуваат и бројни други мобилни компании, додека производителите на смартфони кои ќе ставаат полначи во кутиите со телефоните тоа ќе го истакнуваат како дополнителна предност за да го купите нивниот уред затоа што корисниците нема да имаат дополнителни трошоци.

Некои од причините зошто Apple, Samsung, а можеби и останатите компании ќе се одлучат на таков потег се заштедите, затоа што цената на телефоните ќе биде веројатно иста, а полначите и слушалките ќе ги наплаќаат дополнително, а би заштедиле и пари на помали пакувања. Понатаму, се менуваат и трошоците за превоз, а се заштитува и околината затоа што се создава помалку електронски отпад. Но, она што е посебно интересно е дека исфрлањето на полначите од пакувањата може да биде првиот чекор кон претставување iPhone кој нема да има отвори за кабли.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top