Apple планира да претстави нов iPad!

Според добро информираниот Apple аналитичар Mark Gurman, компанијата планира да претстави нов iPad модел при крајот на годината...

Според Mark Gurman, при крајот на оваа година, Apple ќе претстави нов iPad модел, како и нов десктоп компјутер. Новиот таблет ќе доаѓа со променет дизајн, Face ID и подобрена 3D технологија за отклучување со лицето, која прв пат ја видовме кај iPhone X. 

Доколку новиот iPad содржи TrueDepth камера за Face ID, најверојатно ќе поддржува и портрет фотографии со селфи камерата, како и новите animoji-емотикони. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top