Апсење во Албанија, пресечен синџир на шверц со дрога

Албанската полиција соопштила дека уапсила 18 лица и разбила меѓународен синџир на трговија со дрога, кои криумчареле марихуана, хероин и кокаин во земјите на Европската унија..

Во соопштението на албанската полиција се наведува дека се уапсени 13 Албанци, а уште петмина други се однесени во затворите во Турција и Македонија.

Според информациите, групата се сомничи за криумчарење на седум тони марихуана, која полицијата ја запленила во Грција, Македонија, Италија и Турција во изминатите две години.

Се сомничи и дека тој синџир на трговци со дрога вмешан во криумчарење на хероин од Турција и кокаин од Латинска Америка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top