Апсурд во правосудниот систем вo Битола

Ќе се реформира ли некогаш судството во Македонија?.

Во време кога Македонија бара прием во Европската Унија, а врвот во власта верува дека се оди како подмачкано, ние имаме спротивни сознанија.

До нашата редакцика се обрати г-дин З.Р. и побара да ја пренесме оваа информација во јавноста.

Непотизмот во судството во Македонија, поточно во Битолскиот суд не престанува.

И покрај тоа што главна забелешка на ЕУ е реформи во судството, очигледно ништо позитовно не се случува на тоа поле.

Имено, како што вели З.Р, човечките судбини во судството во Македонија наместо да ги решава правдата и правниот систем, ги решаваат мрежите испреплетени од роднини, пријатели и блиски соработници.

Според него, Судијката Татјана Петроска е пријателка на обвинител Жулиета Бошевска и блиска пријателка на наводен сведок со кој работеле заедно во една канцеларија повеќе од две години.

Имено, работеле во киното во Битола каде што директор бил наводниот сведок, Ана Бегајоска.

Јавниот обвинител Жулиета Карова-Бошевска е мајка на адвокатот Горјан Бошевски кој заедно работи со адвокатот Игор Петковски од Битола и водат кривични пријави во тешки телесни повреди без докази и без ремген снимки.

Исто така, и мажот на јавниот обвинител Жулиета Бошевска е адвокат, но во друга канцеларија.

Кога Жулиета ќе биде обвинител на некој предмет одела заедно со адвокатот Игор Петковски и синот Горјан Бошевски, а доколку е друг јавен обвинител, тогаш се оди преку адвокатот Здравко Бошевски (сопруг на Жулиета) и така во Битолскиот суд се cè врту околу Жулиета.

Јас, засегнатиот, З.Р. прашувам: Дали има институција во Македонија што може да го испита ова и да спречи уништување е подигрување со човечки судбини во судот во Битола?

Дали конечно ќе завладее правдата или ќе продолжат донесувањата на пресуди врз основа на познанства, пријателства и роднински врски во Македонија.

Очекувам брза реакција од надлежните интитуции, напиша З.Р. во своето писмено обраќање до редакцијата на Фаланга.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top