Археолозите открија гробници во Луксор од пред 3.500 години

Археолозите во Египет открија бројни предмети, меѓу кои и една мумија, во два неистражени гробови во градот Луксор на Нил.

Се верува дека мумијата е на еден висок функционер од египетското „Ново кралство”,од пред околу 3.500 години.

Меѓу другите предмети кои се откриени има фигурини, дрвени маски и богато обоени слики на ѕидовите.
Гробовите се наоѓаат во некрополата Дра Абул Нага, област позната по своите храмови и гробишта.
Тоа е близу до Долината на кралевите каде што биле погребани многу фараони од древниот Египет.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека гробовите биле откриени од страна на германски археолог во 1990-тите, но биле чувани запечатени до неодамна.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top