Арианит Џафери: Груби пееше погребна песна за Блерим Река

Активистот Аријанит Џафери во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат оценува дека по изборот на новата косовска влада, односите помеѓу Скопје и Приштина би можело да станат малку непријатни.

Своето мислење го гради врз фактот што за министер за евроинтеграци во новата косовска влада ќе биде професорот Блерим Река, еден од кандидатите на претседателските избори во Македонија, а на истата функција во Скопје е кадар од ДУИ, политичка партија опонент на Река на претседателските избори.

„…фигурите што ги спомнавте, да седнат на иста маса…, тоа се фигури кои се споменуваа и кога Артан Груби му пееше погребна молитва на Блерим Река на митинг на ДУИ во Скопје. Ова е страшно и верувам дека односите меѓу двете земји ќе се подобрат за доброто на двете земји“, вели Џафери.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top