Арнаудова: Сите колеги знаат за што пеат, не е за поддржување на фашизам и концентрациони логори

Таа во изјава за „Фокус“ вели дека не и е јасно како може да не знаат за што се ангажирани, кога претходно потпишале договори..

„Не разбирам како може некој да не знае. Особено што се работи за луѓе, едуцирани, интелегентни, и особено што имаме договор во кој пишува се. На крајот на краиштата, што е проблемот. Не се пее за поддржување на фашизам и концентрациони логори, војни и убиства…Се пее за нешто сосема спротивно од сето тоа. Од каде е потребата некој да се дистанцира. Не разбирам. Ние сите сме пеjачи и јас лично сум пеела на стотици различни настани, прослави од различен тип. Не знам зошто е проблем баш ова – истакна Арнаудова.

Според неа, во годините што изминале пејачите имале многу причини за бунтување, а се фатиле само за ова.

„Во годините кои поминаа имаше многу повеќе причини зошто треба да се бунтуваме и да бидеме гласни, но ете решивме да се фатиме за ова. Хонорарите како и за се на крајј свет не се универзални, туку се зависи од изведувачот и неговата пазарна цена за која вообичаено настапува. Ако алудирате на тоа дека се високи, не не се. Вообичаени се. Секако се десеткратно помали од оние кои општините и разните институции ги даваат на српски и останати колеги по фетивалите низ Македонија – додава Арнаудова.

Извор: Фокус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top