Арсенал и Тотенхем го посакуваат, а Чоло истакна: Не ги исполни очекувањата во Атлетико!

Томас Лемар уште овој јануари би можел да го напушти Атлетико Мадрид, тоа меѓу редови го потврди и Диего Симеоне..

Познато е дека за овој фудбалер сериозно заинтересирани беа Арсенал и Тотенхем, а со оваа мини најава, Диего Симеоне им даде „бензин на огнот“ на споменатите два клуба од Лондон ќе инсистираат да го донесат во своите редови.

„Секогаш кога Лемар беше во комбинација за настап, јас се обидував да го ставам во тимот. Бев секогаш ентузијастичен за неговите квалитетни. Но сепак, тој не ја исполни довербата која ја имавме во него. Неговите претставници непрекинато работат на неговиот случај, па можно е и да замине“, рече Чоло.

Претходната недела Марка во свое дневно издание пак пишуваше дека Лемар е веќе со мислите некаде во Премиерлигата и дека наскоро може да се случи трансфер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top