Артан Груби со шамари го избркал Драги Рашковски: Физичка пресметка за добро уредениот кабинет

Од владини неофицијални извори, „Вечер.мк“ дознава дека вчера се случила физичка пресметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски..

Нетрпеливоста меѓу нив двајца постоела од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.

Рашковски се бунел за ваквата постапка, но залудно.

Вчера тензијата кулминирала кога Рашковски одбил на Груби да му ги предаде сите клучеви од кабинетот, но и од помошните простории и кабинетскиот сеф, при што настанала гласна расправија, викање, кое, според неофицијалните извори на владини службеници, на крајот кулминирало со два-три удари кои вицепремиерот Груби му ги задал во пределот на вратот и главата на Рашковски.

Потоа биле разделени, а преку вработен службеник во секретаријатот Рашковски подоцна му ги пратил сите клучеви на вицепремиерот Груби, кој од вчера и официјално е сместен во довчерашниот кабинет на генералниот секретар.

Владината служба сега бара друга канцеларија за Драги Рашковски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top