AS носи ексклузива: Нејмар можеби отиде предалеку, сега од УЕФА бара „ембарго“ за Барселона во ЛШ

Барселона и Нејмар се разделија пријателски, но нивниот однос се промени во иднина, откако Бразилецот го облече дресот на Парижаните..

Можеби приказната која и не е вистина, а која ја пласираше AS, може дополнително да ги влоши ионака разнишаните односи на релација Нејмар – Барселона.

Шпанскиот весник AS, сега тврди дека Нејмар барал од Барселона да му исплати бонус за лојалност, кој бил предвиден во неговиот нов договор, во кој што јасно пишувало дека доколку Нејмар остане во Барселона до 31 јули, тој добива бонус од 26 милиони евра.

Нејмар дури поради тоа се пожалил и до УЕФА, па дури и барал исфрлување на Барселона од ЛШ сезонава, тимот кој го смета за најсериозен кандидат или противкандидат оваа сезона за освојување на тоа натпреварување.

Тоа дури и да е вистина, сигурно нема да им се допадне на навивачите од „Блауграна“, чиј дрес Нејмар го носеше четири сезони, но сега патишата се сосема различни и во спротивни правци, па ништо чудно и оваа сторија на AS да биде вистина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top