Атина и Анкара со различен став за инцидентот во Егејското Moре

Грција и Турција изнесуваат различни ставови во врска со инцидентот од понеделникот вечерта нешто пред полноќ, кога се судрија турски и грчки брод во близина на ненаселениот остров Имија/Кардак..

Министерството за надворешни работи на Турција тврди дека инцидентот го предизвикал грчкиот брод, додека Атина обвинува дека турскиот брод удрил во грчкиот.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, за инцидентот телефонски разговараа и премиерите на двете земји.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top