Aussie Migration Services ви нуди услуга за сите видови виза во Австралија.

Aussie Migration Services нуди услуги и помош со сите под класи на партнер и брачни визи, вклучени се и Prospective Marriage Visas, Spouse Visas, и De Facto Partner Visas..

Нашиот тим вложува многу за да Ви понуди квалитетна апликација, да бидете мирни и спокојни во текот на апликацискиот процес и да можете слободно да си го планирате заедничкиот живот со партнерот во Австралија. Нашата улога е во зачувувањето на фамилијата, нашите услуги вклучуваат стратегии за соединување на двојките кои не живеат заедно и работиме неуморно и ефикасно за да се обезбеди визата во најкраток можен рок.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА за партнер виза?

Ако сте во врска со државјанин на Австралија, Австралиски постојан жител или подобен државјанин на Нов Зеланд, можеби сте подобни за добивање на Партнер Виза на основа на спонзорство.

Може да имате услови за Партнер Виза ако вие и вашиот партнер:

·  Сте во брак

·  Сте свршени и следува брак

·  Сте во регистрирана врска

·  Сте во врска

Кој квалификува за партнер виза?

Има три начини преку кои партнерите на Австралиските државјани можат да добијат виза за Австралија.

Типот на визата ќе зависи од вашите индивидуални околности, но и во зависност од тоа дали лицето што аплицира е во или надвор од Австралија во моментот на аплицирање.

Вашиот миграционен советник може да ви помогне во селектирање на најдобрата опција според вашите барања и да креира стратегија која ќе ви помогне во разбирањето на имиграциониот процес без многу стрес.

The Subclass 820/801 Onshore Partner Visa

Оваа виза е за тие што се во брак или во регистрирана врска со државјанин на Австралија, Австралиски постојан жител или подобен државјанин на Нов Зеланд. Апликантите за оваа виза мора да се присутни во Австралија. Почетната фаза, подкласа 820, бара да сте во врска со партнерот најмалку 12 месеци, во брак или да имате регистрирана врска во дадените оддели на таа држава.

После 2 години од датата на аплицирање за подкласата 820, апликантот мора да поднесе доказ дека врската се уште трае, што му дозволува на Одделот за Имиграција да ја процесира следната фаза, постојана виза, подкласа 801.

По добивањето на визата, апликантот ќе има право на Medicare, целосни работни права како и права за студирање по добивањето на 820 визата.

The Subclass 309/100 Offshore Partner Visa

Оваа виза е за тие што се во брак или во регистрирана врска со државјанин на Австралија, Австралиски постојан жител или подобен државјанин на Нов Зеланд. Оваа подкласа е за апликанти кои се надвор од Австралија.

Апликантот мора да биде надвор од Австралија кога привремената подкласа 309 виза е одобрена, па веднаш потоа можат да влезат во Австралија и имаат пристап до Medicare, како и целосни права за работа и студирање.

Во речиси истиот процес како и претходната виза, на апликантот најпрво ќе му биде одобрена подкласа 309 виза и ќе му биде дадена шанса за добивање на постојана виза, подкласа 100 после 2 години од поднесувањето на апликацијата на првата виза.

Subclass 300 (Temporary Residence) - Prospective Marriage Visa

Оваа виза е за тие што се свршени со државјанин на Австралија, Австралиски постојан жител или подобен државјанин на Нов Зеланд. Овој начин е за апликанти што се надвор од Австралија. Штом визата ќе биде одобрена, подкласа 309 овозможува влегување во Австралија и склучување на брак со партнерот во рок од 9 месеци.

Пред да истече периодот од 9 месеци, апликантот мора да се аплицира за новата виза, подкласа 820/801, како што е објаснето погоре.

Со оваа виза апликантот има целосни работни права и права за студирање.

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ ЗА ПАРТНЕР ВИЗА?

За партнер визите мора да аплицираат и апликантот и спонзорот. Сите горенаведени виза опции потребни се докази дека врската е вистинска и во континуитет. За да се задоволат тие услови и да им се покаже тоа на Одделот за Имиграција, треба да ги имате следните докази:

·  Заеднички живот

·  Финансиски соживот

·  Социјален соживот

·  Природата на вашата посветеност еден кон друг

Сите парови се различни, па така и ќе се гледа на вашата врска, индивидуално, посебно.

Вообичаени Сценарија

Мојот партнер и јас имаме дете кое е родено во Австралија. Дали можам да ја прескокнам привремената виза и да добијам подкласа 801 веднаш?

Да. Вие сте ги исполнувате условите за добивање на трајната виза директно, основано на тоа дека имате дете кое е Австралиски државјанин со партнерот.

Мојот Австралиски партнер веќе има некој спонзорирано за подкласа 309/100 виза. Можам ли сепак да аплицирам за подкласа 820/801 виза?

Да. Австралиски државјанин или Постојан граѓанин може да спонзорира до два партнера, имајќи на ум дека треба да има барем 5 години поминат временски период измеѓу двете апликации.

НАШИТЕ УСЛУГИ

Aussie Migration Services ќе ви помогне во одбирање на најдобрата и најлесна опција за вас, ќе развиеме стратегија за поднесувањето на визата, што е основано врз вашите индивидуални ситуации. Ќе ве водиме низ целиот процес на аплицирање, од собирање на потребните документи што се потребни, преку застапување пред Одделот за Имиграција за сите потребни комуникации, до финализирање на вашата апликација за виза.

Контактирајте не на : [email protected]


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top