Авион со стотина патници од кинескиот град Вухан слета во Франкфурт

Авион со 100 германски државјани слета на аеродромот во Франкфурт од Вухан, кинескиот град каде се појави епидемијата на новиот вирус..

Во авионот биле 102 Германци и 26 странски државјани. Патниците ќе мораат да пројдат лекарска контрола на самиот аеродром по што ќе бидат однесени во воена база каде ќе бидат две недели во карантин.

Германските власти пред слетувањето на авионот навеле дека никој од патниците нема симптоми на болсета. Во Германија се регистрирани седум случаи на инфекцијата на коронавирусот. Според последниот биланс, во Кина од вирусот починаа 259 луѓе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top