Австралија - 30 години без рецесија, ќе се спаси ли и сега?

Најдолг период на економски раст се забележува во Австралија..

Во последните 30 години нема пад на економијата, односно австралискиот континент е без рецесија. За време на финансиската криза пред 12 години, економијата во земјата беше во дефицит само во последните три месеци од 2008 година.

И според последните економски проценки, наверојатно пандемијата на корона вирусот нема да ја допре премногу австралиската економија, па земјата најверојатно и сега ќе биде одмината од рецесијата, за разлика од останатиот дел од светот, акде бројките се поразителни.

Како што денеска пишува Блумберг, потрошувачката во Австралија бележи пораст во првите четири месеци од 2020 година, пред се поради тоа што населението се обезбедуваше со основни потреби, како што се храна и хигиенски производи, а истовремено извозот за март е во позитива. Од овие причини, како што наведува Блумберг, има раст на австралиската економија и во почетокот на годинава.

Според Шајн Оливер, главен економист на АМП капитал инвеститори од Сиднеј, работите во Австралија се подобруваат.

-Ако погледнеме во економската активност, ниската точка беше април, а потоа работите почнаа да се подобруваат, вели Оливер.

Истовремено, проценките се дека вториот кваратл на 2020 ќе биде потежок пред се поради отпуштањата на работници, но се смета дека парите што ги обезбеди австралиската Влада ќе придонесат со закрепнување на економијата во претпоследниот квартал. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top