Австралија бара од новодојдените мигранти да ги почитуваат западните вредности

Министерството за државјанство бара мигрантите да бидат тестирани на австралиски вредности пред да можат да останат во земјата..

Австралискиот министер за државјанство и мултикултурни работи Алан Таџ изјави дека Австралиските мигранти живеат во „културен балон“ и дека не се вклопуваат со Австралиското општество. 

Таџ порачува идните мигранти да бидат тестирани на Австралиски вредности пред да можат да останат во Австралија.

На конференцијата во Лондон министерот Таџ кажа дека Австралија треба да ги брани западните вредности и да се заштити од нетолерантни практики како што се детските бракови или забрана на жените да возат.

Австралискиот Прајм-Министер Малколм Турнбул изјави дека дека идејата на Алан Таџ е добра и е можно да се спроведе.

Извор: 7news


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top