Австралија бара работници - платите се од 8.000 до 10.000 евра

Австралија се врати на мапата и стана земја привлечна за балканските работници, бидејќи со забрзаниот развој на економијата повторно бара работници..

Австралија повторно станува актуелна за живеење кај луѓето од Балканот, особено за оние кои имаат инженерска диплома или медицина, бидејќи се на основниот список објавен на австралискиот сајт за виза.

Токму овие две професии се дефицитарни и Австралија е подготвена за нив да плати дури 10.000 евра.

Заминувањето на овој далечен континет најмногу може да им се исплати на докторите, стоматолозите и инженерите, бидејќи кандидатите со оваа струка се најпотребни во Австралија, а платите им се од 10.000 евра за докторите, 8.000 евра за инженерите.

Покрај медицинските сестри, можност за работа имаат и радиолозите, радиолошките техничари, физајтри, логопеди и физиотерапевти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top