Австралија и Нов Зеланд бараат Кина да се откаже од отворање бази на Пацификот

Австралија и Нов Зеланд денеска ја предупредија Кина да не гради ниту една воена база во јужниот дел на Пацификот..

Ваквото предупреедување уследи по пишувањето на некои медиуми дека Кина планира да изгради голема база во пацифичката островска држава Вануату.

Според медиумите, Кина планира да изгради постојана воена база на островит, кој е поранешна француска колонија.

Владите на Кина и Вануату ги демантираа овие натписи, а австралискиот премиер Малколм Турнбул изјави дека од Вануату добил уверување дека Пекинг „не побарал такво нешто“.

Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Арден изјави дека нејзината земја остро се противи на милитаризација на Пацификот.

Вануату се наоѓа на околу 2.000 километри источно од северниот брег на Австралија и во Втората светска војна таму се наоѓаше една од клучните американски поморски бази при операцијата за одбивање на јапонската армија, која напредуваше во Тихиот Океан кон Австралија.

Раководителот на Колеџот за национална безбедност при Австралискиот национален универзитет, Рори Медкалф смета дека една воена база ќе и овозможи на Кина да спроведува посамоуверени операции против Австралија, да ги заобиколи САД и нивната воена база на Гуам, како и да прибере разузнавачки информации за регионалните безбедносни кризи.

Во август минатата година, Кина ја отвори својата прва воена база во странство – во Џибути на Африкански роф, за која Пекинг тврди дека претставува „логистички објект“.

Според Институтот Лоу во Сиднеј, од 2006 до 2017 година Кина на пацифичките земји им доделила помош во вредност од 1,78 милијарди долари, вклучувајќи и криедити.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top