Австралија: И војската во битката против Ковид-19, ќе се грижи за самоизолацијата

Австралиската држава Викторија соопшти дека ќе ја ангажира војската за да проверува дали луѓето ги почитуваат пропишаните мерки за самоизолација заради Ковид 19..

Властите нагласија дека секој кој ќе ги прекрши тие правила ќе биде казнет со големи парични казни.

Во Викторија, втората најнаселена земја во Австралија, во изминатите 24 часа се регистрирани 439 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а 11 лица починаа.

Претходно, Викторија воведе полициски час во текот на ноќта, го ограничи секојдневното движење на луѓето и нареди затворање на голем дел од локалната економија со цел да се забави ширењето на вирусот.

– Меѓутоа, при проверка на усогласеноста со мерките за изолација, полицијата не најде речиси третина од заразените со Ковид 19 дома, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендру и најави остри парични казни.

Тој рече дека оваа недела ќе бидат распоредени 500 војници во Викторија, кои ќе го следат почитувањето на правилата за самоизолација, а казните за оние кои не го почитуваат тоа ќе бидат скоро пет илјади австралиски долари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top