Австралија имаше свој „Џорџ Флојд“ момент, но не предизвика интернационални немири

Австралија со години се соочува со голем борј на смртни случаи на Абориџини, но тоа не го добива интернационалното внимание што го доби смртта на Џорџ Флојд.

Длабоката болка која сите ја чуствуваат по смртта на Џорџ Флојд е нешто што Абориџинските заедници премногу добро го разбираат, освен во Австралија, тие сè уште го чекаат својот момент за меѓународно сметање.

Одговорот во САД за убиството на Флојд е огромен, илјадници излегоа на улиците во знак на протест против убивањето на Афро-Американци од страна на бели полицајци.

Негодувањето на социјалните медиуми беше невозможно да се игнорира, смртта на Џорџ Флојд беше забележана од милиони низ целиот свет.

За многумина ова е како момент на будење, на реализирана борба, но е горчливо сценарио за Абориџинските семејства кои имаат слични проблеми, но без глобално внимание.

Поминаа повеќе од 30 години откако Австралија започна да го испитува сопствениот проблем со Абориџинските смртни случаи во притвор, но тоа е проблем што честопати не успева да предизвика социјално или политичко внимание.

Многу од препораките од Ројалната комисија од 1987 година за смртни случаи на Абориџини во притвор никогаш не биле спроведени, а се проценува дека стотици други починале во притвор оттогаш.

Додека Австралијаните излегоа на социјалните мрежи да ги осудат настаните што се случуваат во Америка, многу Абориџински заедници се прашуваат „каде е негодот за моето семејство?“

Па, дали Австралија има помалку емпатија за сопствената смрт во притвор? Или, дали американското влијание е толку големо што како земја Австралија ги разбира нивните проблеми подобро од нивното?
Прочитајте го целиот текст на abc.com.au.

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top